Полнење на уредот
Во вашиот уред е вградена батерија што може повторно да се полни и која треба да биде
заменета само од Sony или од центар за поправки овластен од Sony. Никогаш не обидувајте се
сами да го отворате или да го расклопувате уредот. Отворањето на уредот може да предизвика
штета која ќе ја поништи вашата гаранција.
Батеријата е делумно полна кога ќе го купите уредот. Уредот можете да го користите и кога се
полни. Повеќе информации за батеријата и за подобрување на нејзините перформанси прочитајте
во Управување со батеријата и енергијата на страница 117 .
Полнење на уредот
1
Приклучете го полначот во штекер.
2
Приклучете го едниот крај од USB кабелот во полначот (или во USB-портата на
компјутерот).
3
Приклучете го другиот крај на кабелот во микро USB-портата на уредот, со USB-симболот
завртен нагоре. Светлото за известување ќе светне штом полнењето започне.
4
Кога уредот е целосно наполнет, исклучете го кабелот од уредот повлекувајќи го нанадвор.
Внимавајте конекторот да не се свитка.
Доколку батеријата е целосно испразнета, може да поминат неколку минути пред да
светне светлото за известување и да се појави иконата за полнење .
Статус на светлото за известување за батеријата
Зелено
Нивото на полнење на батеријата е поголемо од 90%
Црвено трепкање
Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 15%
Портокалово
Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 90%
11
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.