Споделување на конекцијата со мобилни податоци
Може да ја споделувате конекцијата со мобилни податоци со други уреди на неколку начини:
•
USB поврзување на компјутер на интернет преку мобилен телефон – споделете ја конекцијата со
мобилни податоци со еден компјутер со користење USB кабел.
•
Bluetooth® поврзување на компјутер на интернет преку мобилен телефон – споделете ја
конекцијата со мобилни податоци со најмногу пет други уреди преку Bluetooth®.
•
Преносливо Wi-Fi® жешко место – споделете ја конекцијата со мобилни податоци истовремено со
најмногу 8 други уреди, вклучувајќи уреди што поддржуваат технологија WPS.
Споделување на конекцијата за податоци користејќи USB кабел
1
Деактивирајте ги сите конекции на USB кабли во уредот.
2
Користејќи го USB кабелот што доаѓа со вашиот уред, поврзете го уредот со компјутер.
3
Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .
4
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Повр. на инт. и преносл.
жеш. место.
5
Обележете го полето за избирање USB-врзување, а потоа допрете ОК ако бидете
потсетени. Се прикажува на лентата за статус штом ќе се поврзете.
6
За да престанете со споделување на конекцијата за податоци, отстранете ја ознаката од
полето за избирање USB-врзување или исклучете го USB кабелот.
Не може истовремено да ги споделувате конекцијата за податоци од вашиот уред и SD
картичката преку USB кабел.
Користење на уредот како преносно Wi-Fi® „жешко“ место
1
Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Повр. на инт. и преносл.
жеш. место.
3
Допрете ги опциите Пост. за прен. Wi-Fi жешко место > Конфигурирај Wi-Fi
„
жешко“ место.
4
Внесете ги информациите за Име на мрежата (SSID).
5
За да одберете вид на безбедност, допрете го полето Безбедност. Внесете лозинка, ако
е потребно.
6
Допрете ја опцијата Зачувај.
7
Допрете и обележете го полето за избор Портабл Wi-Fi „жешко“ место.
8
Ако бидете потсетени, допрете ОК за да потврдите. се појавуав во лентата за статус
откако ќе се активира преносливото Wi-Fi® "жешко" место.
9
Отстранете го обележувањето од полето за избор Портабл Wi-Fi „жешко“ место,
за да го прекинете споделувањето на својата конекција за податоци преку Wi-Fi®.
За промена на името или обезбедување на вашето преносно hotspot место
1
Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе… > Повр. на инт. и преносл.
жеш. место.
3
Допрете ги опциите Пост. за прен. Wi-Fi жешко место > Конфигурирај Wi-Fi
„
жешко“ место.
4
Внесете го Име на мрежата (SSID) за мрежата.
5
За да одберете вид на безбедност, допрете го полето Безбедност.
6
Внесете лозинка, ако е потребно.
7
Допрете ја опцијата Зачувај.