Sony Xperia E4 - Препознавање музика со TrackID™

background image

Препознавање музика со TrackID™

Користете ја услугата TrackID™ за препознавање музика за да ги идентификувате песните што ќе
ги слушнете во околината. Само снимете краток дел од песната и ќе добиете информации за
изведувачот, насловот и албумот за неколку секунди. Може да купувате песни идентификувани од
TrackID™ и да прегледувате топ листи за да видите што бараат корисниците на TrackID™ во
светот. За најдобри резултати, користете ја TrackID™ во тивка средина.

1

Приказ на опции на TrackID™

2

Влечете го левиот раб на екранот надесно за да го отворите менито на почетниот екран на TrackID™

3

Идентификувајте ја музиката што ја слушате

Апликацијата TrackID™ и услугата TrackID™ не се поддржани во сите држави/региони
или од сите мрежи и/или обезбедувачи на услуги во сите области.

Идентификување музика со помош на технологијата TrackID™

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете TrackID™, потоа држете го уредот близу до изворот на музиката.

3

Допрете . Доколку песната е препознаена од услугата TrackID™, резултатите се
појавуваат на екранот.

За да се вратите во почетниот екран на TrackID™, допрете

.

Мени на почетниот екран на TrackID™

Менито на почетниот екран на TrackID™ ви дава преглед на сите песни што сте ги снимиле и
идентификувале користејќи ја услугата TrackID™. Од тука може и да ги прикажете песните врз
основа на тековните музички табели и историја на пребарување.

1

Креирајте профил TrackID™ на интернет

2

Отворете ја апликацијата TrackID™

73

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

3

Прикажете ја историјата со резултати од пребарувањето

4

Приказ на тековните музички табели

Прегледување на информациите за изведувачот на песната

Откако апликацијата TrackID™ ќе ја препознае песната, допрете Изведувач.

Бришење песна од историјата на песни

1

Отворете ја апликацијата TrackID™, потоа допрете Историја.

2

Држете го допрено името на песната што сакате да ја избришете, па допрете Избриши.

74

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

FM

радио

Слушање радио

FM радиото во уредот работи како и секое друго FM радио. На пример, можете да пребарувате и
слушате FM радио станици и да ги зачувате како омилени. Мора да поврзете жична слушалка или
слушалки со уредот за да може да го користите радиото. Тоа е така бидејќи слушалката или
слушалките функционираат како антена. Откако ќе се поврзе еден од овие уреди, може да го
префрлите звукот од радиото на звучникот доколку сакате.

1

Список со омилени

2

Копче за вклучување/исклучување на радиото

3

Приказ на опциите на менито

4

Приспособена фреквенција

5

Зачувување или отстранување канал од омилени

6

Бирање за приспособување

7

Фреквенциски опсег - влечете налево или надесно за преместување помеѓу каналите

8

Движете го фреквенцискиот опсег нагоре за да пребарате канал

9

Зачуван омилен канал

10

Движете го фреквенцискиот опсег надолу за да пребарате канал

Слушање на FM радиото

1

Поврзете слушалка или сет од слушалки на уредот.

2

Од својот Почетен екран, допрете ја .

3