Sony Xperia E4 - Споделување содржина со уреди со ознаката DLNA Certified™

background image

Споделување содржина со уреди со ознаката DLNA
Certified™

Можете да гледате или да репродуцирате мултимедијална содржина зачувана на вашиот уред на
други уреди, на пример, ТВ-уред или на компјутер. За да може да се споделува содржината,
таквите уреди мора да ја носат ознаката DLNA Certified™ од „Digital Living Network Alliance“ и да
бидат приклучени на истата Wi-Fi® мрежа како и сите други уреди. А можете и на вашиот уред да
гледате или да репродуцирате содржина од други уреди со ознаката DLNA Certified™.
Откако ќе го поставите споделувањето содржина помеѓу уредите, можете, на пример, да ја
слушате музиката од домашниот компјутер на вашиот уред или на ТВ-уред со голем екран или да
гледате фотографии направени со апаратот од уредот.

Репродукција на датотеки од други уреди на вашиот уред со
ознаката DLNA Certified™

Кога на вашиот уред репродуцирате датотеки од друг уред со ознаката DLNA Certified™, тој уред
игра улога на сервер. Со други зборови, ја споделува содржината преку мрежа. На серверот мора
да биде овозможена функцијата за споделување содржина и тој мора на уредот да му даде
дозвола за пристап. Тој мора исто така да биде приклучен на истата Wi-Fi® мрежа како и уредот.

99

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Репродукција на споделена песна на уредот

1

Проверете дали уредите со коишто сакате да ги споделувате датотеките се приклучени на
истата Wi-Fi® мрежа како и вашиот уред.

2

Од Почетен екран, допрете ја опцијата , па најдете и допрете ја опцијата .

3

Влечете го левиот агол на почетниот екранот на апликацијата Walkman® во десно, па
допрете ја опцијата Уреди.

4

Одберете уред од листата приклучени уреди.

5

Прегледајте ги папките на приклучениот уред и одберете ја песната што сакате да ја
репродуцирате. Песната се репродуцира автоматски.

Репродукција на споделено видео на уредот

1

Проверете дали уредите со коишто сакате да ги споделувате датотеките се приклучени на
истата Wi-Fi® мрежа како и вашиот уред.

2

Од Почетен екран, допрете ја опцијата , па најдете и допрете ја опцијата Филмови.

3

Влечете го левиот агол на почетниот екранот на апликацијата Филмови во десно, па
допрете ја опцијата Уреди.

4

Одберете уред од листата приклучени уреди.

5

Прегледајте ги папките на приклучениот уред и одберете го видеото што сакате да го
репродуцирате.

Преглед на споделена фотографија на уредот

1

Проверете дали уредите со коишто сакате да ги споделувате датотеките се приклучени на
истата Wi-Fi® мрежа како и вашиот уред.

2

Од Почетен екран, допрете го , па пронајдете и допрете го Албум.

3

Влечете го левиот агол на почетниот екранот на апликацијата Албум во десно, па допрете
ја опцијата Уреди.

4

Одберете уред од листата приклучени уреди.

5

Прегледајте ги папките на приклучениот уред и одберете фотографија за гледање.

Репродукција на датотеки од вашито уред на DLNA Certified™
уреди

Пред да можете да гледате или да репродуцирате медиумски датотеки од вашиот уред на други
уреди со ознаката DLNA Certified™, прво мора на уредот поставите споделување датотеки.
Уредите со коишто споделувате содржина се викаат клиентски уреди. На пример, ТВ-уред,
компјутер или таблет може да играат улога на клиентски уреди. Кога ќе ја стави на располагање
својата содржина на клиентски уреди, вашиот уред игра улога на медиумски сервер. Кога на
уредот ќе поставите споделување датотеки, на клиентските уреди мора да им дадете и дозвола за
пристап. Потоа, таквите уреди ќе се појават како регистрирани уреди. Уредите коишто чекаат
дозвола за пристап се наведени како уреди на чекање.

Поставување на споделувањето датотеки со други уреди со ознаката DLNA
Certified™

1

Поврзете го вашиот уред со Wi-Fi® мрежа.

2

На вашиот Почетен екран допрете , а потоа најдете и допрете .

3

Допрете , а потоа допрете Медиумски сервер.

4

За да ја вклучите функцијата Сподели медиуми, повлечете го лизгачот. Во лентата за
статус ќе се појави . Вашиот уред сега може да работи како медиумски сервер.

5

Поврзете го компјутерот или другите уреди на истата Wi-Fi® мрежа со вашиот уредот.

6

Се појавува известување во лентата за статус на уредот. Отворете го известувањето и
поставете дозволи за пристап за секој уред.

Упатствата за поставување датотека за споделување со помош на DLNA™ се
разликуваат во зависност од клиентскио уред. Погледнете го упатство за корисникот на
клиентскиот уред за повеќе информации. Ако уредот не може да се поврзе со клиент на
мрежата, проверете дали работи вашата Wi-Fi® мрежа.

Исто така, можете да пристапите до менито Медиумски сервер под Поставки > Врска
со Xperia™
> Поставки за медиумски сервер. Доколку го затворите приказот
Медиумски сервер, функцијата за споделување датотеки продолжува да работи во
заднина.

100

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Прекин на споделувањето датотеки со други уреди со ознаката DLNA Certified™

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > Поставки за медиумски
сервер
.

3

Повлечете го лизгачот покрај Сподели медиуми налево.

Поставување дозволи за пристап за уред што чека

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > Поставки за медиумски
сервер
.

3

Одберете уред од листата Уреди што чекаат.

4

Одберете го нивото на дозволување пристап.

Промена на името на регистриран уред

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > Поставки за медиумски
сервер
.

3

Изберете уред од листата Регистрирани уреди, а потоа изберете Промени име.

4

Внесете ново име за уредот.

Измена на нивото на пристап на регистриран уред

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > Поставки за медиумски
сервер
.

3

Одберете уред од листата Регистрирани уреди.

4

Допрете Пром. ниво на пристап и одберете опција.

Помош при споделување содржина со други уреди со ознаката DLNA Certified™

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Врска со Xperia™ > Поставки за медиумски
сервер
.

3

Допрете .

Репродуцирање датотеки на дигитален уред за визуелизација на
мултимедијални датотеки

Со помош на технологијата на DLNA™ можете да туркате мултимедијална содржина зачувана на
вашиот уред на друг уред од истата Wi-Fi® мрежа. Другиот уред мора да биде во можност да
функционира како уред за визуелизација на мултимедијални датотеки (DMR) и да визуелизира или
репродуцира содржина примена од вашиот уред. ТВ-приемник со DLNA функција или персонален
компјутер со Windows® 7 или понова верзија се примери за уреди DMR.

Поставките за овозможување на уредот за визуелизација на мултимедијални датотеки
може да варираат, зависно од уредот. Повеќе информации ќе најдете во упатството за
корисникот за уредот DMR.

Содржина обезбедена со DRM (Digital Rights Management) не може да се пушта нa уред
за визуелизација на мултимедијални датотеки којшто користи DLNA™ технологија.

101

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Гледање фотографии и видеа од вашиот уред на друг уред за DMR

1

Проверете дали правилно сте го поставиле уредот за DMR и дали е приклучен на истата
Wi-Fi® мрежа како и вашиот уред.

2

Од Почетен екран, допрете ја опцијата .

3

Најдете и допрете ја опцијата Албум.

4

Пребарајте и отворајте ги фотографиите или видеата коишто сакате да ги прегледате.

5

Допрете го екранот за да се прикаже алатникот, па допрете ја опцијата и одберете уред
за DMR со којшто ќе ја споделите содржината. Одбраната содржина почнува да се
репродуцира во хронолошки ред, на уредот што ќе го одберете.

6

За да се исклучите од уредот за DMR, допрете ја опцијата и одберете Исклучи.
Датотеката престанува да се репродуцира на DMR уредот, но продолжува да се
репродуцира на вашиот уред.

А можете и да споделите видео од апликацијата Филмови, на вашиот уред, така што ќе
го допрете видеото, па ќе го допрете

.

Репродукција на песна од вашиот уред на уред за DMR

1

Проверете дали правилно сте го поставиле уредот за DMR и дали е приклучен на истата
Wi-Fi® мрежа како и вашиот уред.

2

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата , па најдете и допрете ја опцијата .

3

Одберете музичка категорија и најдете ја песната што сакате да ја споделите, па допрете
ја.

4

Допрете ја опцијата и одберете уред за DMR со којшто ќе ја споделите содржината.
Песните се репродуцираат автоматски на уредот што ќе го одберете.

5

За да се исклучите од уредот за DMR, допрете ја опцијата и одберете го вашиот уред.
Песната престанува да се репродуцира на уредот за DMR, но продолжува да се
репродуцира на вашиот уред.

Bluetooth®