
Наоѓање на идентификацискиот број на уредот
Вашиот уред има единствен ID (идентификациски) број. Во уредот, овој број се спомнува како IMEI
(Меѓународен идентитет на мобилна опрема). Треба да чувате копија од овој број. Може да ви
треба, на пример, кога ќе пристапите до услугата за поддршка Xperia™ Care и треба да го
регистрирате својот уред. Исто така, доколку уредот го украдат, некои мрежни оператори може да
го користат овој број за да го прекинат пристапот на уредот до мрежата во вашата земја.
Прегледување на бројот IMEI
•
Отстранете го капакот за да се прикаже бројот IMEI.
•
Отворете го телефонскиот бирач на уредот и внесете
*#06#
.
Прикажување на бројот за IMEI во уредот
1
Од вашиот Почетен екран, допрете jа опцијата .
2
Најдете и допрете ги опциите Поставки > За телефонот > Статус.
3
Лизгајте до IMEI за да го видите бројот за IMEI.